Рекордерот по бројот на постигнати голови во историјата на Светските првенства, Мирослав Клозе потпиша едногодишен договор со Баерн Минхен за да биде помошникт тренер под Ханси Флик од следната сезона.
Клозе, кој во кариерата постигна рекордни 16 голови на СП и го освои трофејот со Германија во 2014, беше младински тренер во Баерн последните две сезони по пензионирањето во 2016 година.
„Се знаеме многу добро од времето во репрезентацијата и си веруваме професионално и лично. За мене ова е следен чекор во амбицијата да станам тренер“, вели Клозе.
Флик беше помошник на селекторот Јоаким Лев пред шест години, кога Германија ја победи Аргентина во финалето на „Маракана“, а Клозе стигна до рекордот. 41-годишниот Клозе помина четири сезони во Баерн како фудбалер, постигнувајќи 50 голови, а во кариерата играше и за Кајзерслаутерн, Вердер и Лацио.
ℹ️ Miroslav #Klose to become a first-team assistant coach to Hansi #Flick – Danny Röhl extends ✍️
? https://t.co/OOUNbld0ed#MiaSanMia
— FC Bayern English (@FCBayernEN) May 7, 2020