Top Sport

Иако двајцата постигнаа по 18 гола, Мбапе со „златната копачка“ пред Бен Једер!

Килијан Мбапе е потврден како најдобар стрелец во скратената сезона во Франција и покрај тоа што напаѓачот на Пари Сен-Жермен беше израмнет со 18 голови со Висам Бен Једер од Монако.

Минатата недела, Лига 1 го потврди предвремениот крај на сезоната откако француските власти одлучија да забранат спортски натпреварувања до септември поради корона вирусот, и ПСЖ ја добија титулата откако имаа 12 поени пред Марсеј.

Сега, Лига 1 потврди дека Мбапе ќе биде признаен како најдобар стрелец пред Бен Једер, бидејќи сите негови голови беа постигнати од игра, додека три од головите на Бен Једер беа постигнати од белата точка. Мбапе и лани ја освои „златната копачка“ со 33 гола во 29 лигашки меча за ПСЖ.

Мбапе исто така имаше подобар однос на голови-по-натпревар, бидејќи неговите 18 гола беа постигнати во 20 меча, додека Бен Једер своите голови ги постигна во 25 меча. Муса Дембеле од Лион беше трет на листата со 16 гола, додека Анхел ди Марија, соиграчот на Мбапе беше прогласен за најкреативен фудбалер со 14 аситенции.

Scroll to Top