Клуб Леон е новиот шампион во Лигата на шампионите во КОНКАКАФ, бидејќи и во вториот меч од финалето славеше против Лос Анџелес. По победата на домашен терен 1:0, Клуб Леон со идентичен резултат славеше и во реваншот на гостински терен.
Лигата на шампионите на КОНКАКАФ е натпреварување кое им припаѓа на клубовите од Мексико. Лани, Сиетл ја прекина серијата на од 13 победи на клубовите од оваа земја, но оваа година Клуб Леон ги врати работите на своето место.
Клуб Леон дебитираше во финалето и веднаш го освои трофејот. Лос Анџелес и во својот втор обид не успеа да се закити со титулата. Во 2020 година, Лос Анџелес загуби од УНАЛ.
Победникот во реваншот го реши голот на Ди Јорио во 20.минута.