Top Sport

Клуб од Бразил влегува во трката за потписот на Балотели

Уште еден клуб се влегол во трката за потписот на Марио Балотели. Контроверзниот напаѓач се поврзува со трансфер во Барнсли, а според бразилските медиуми Балотели го сака и Васко де Гама.

Марио Балотели доби отказ во Бреша и тој е слободен фудбалер.

„Не е снот Балотели да дојде во васко, тоа е наша реалност“, рекол спортскиот директор на Васко де Гама, Фабио Корделиа и дополнил.

„Во контакт сме со Мино Рајола за еден од најдобрите играчи во светот да дојде кај нас.“

И покрај овие информации од Бразил, Англичаните се уверени дека Балотели кариерата ќе ја продолжи во Чемпионшип дивизијата, во Барнсли.

Балотели во минатото играл во Англија, во Манчестер сити и Ливерпул.

Scroll to Top