„Осоколени“ со новиот ТВ договор од кој ќе добијат уште повеќе пари, клубовите од Премиер лигат не штедат на стартот на летниот преоден рок, трошејќи 280 милиони евра за само 22 дена.
Откако во летниот и зимски преоден рок во 2017/18 англиската елита потроши 2.049 милијарди евра, Ливерпул прв ја „скрши“ сумата од 100 милиони евра, добивајќи ги Фабињо и Неби Кеита, додека Манчестер јунајтед потроши 82 милиони евра за Фред и Диого Далот.
Лестер сити исто така обезбеди два „дила“, додека Челси, Тотенхем, Евертон и Арсенал уште не потрошиле ништо, иако „топчиите“ го донесоа на слободен трансфер Штефан Лихтштајнер.
Веќе има и нови три тренери во лигата – Марко Силва (Евертон), Унаи Емери (Арсенал) и Мануел Пелегрини (Вест хем), додека иднината на Антонио Конте во Челси останува неизвесна.
Сега следува деталното гледање на Светското првенство во Русија, каде што детално ќе се прогнозира кој од фудбалерите формата ќе може да ја префрли и на клупски план.
ТОП 5 ТРАНСФЕРИ ВО АНГЛИЈА ДОСЕГА
Фабињо: Монако-Ливерпул, 60 милиони евра
Фред: Шахтјор-Манчестер јунајтед, 60 милиони евра
Наби Кеита: Лајпциг-Ливерпул, 52 милиони евра
Рикардо Переира: Порто-Лестер, 22 милиони евра
Диого Далот: Бенфика-Манчестер јунајтед, 22 милиони евра