Иако се очекува италијанската влада да нареди продолжување на „карантинот“ во земјата до 3 мај, фудбалерите од Серија А можат да се вратат на тренинзи од тој датум, јавуваат италијанските весници.
Последните денови бројот на починати и нови случаи во Италија опаѓа, а има пораст и во опоравените пациенти, по што премиерот Џузепе Конте изјави дека иако знаците се позитивни прерано е да се размислува за отварање на бизнисите бидејќи така се ризикуваат „добрите резултати“.
Според „Скај спорт Италија“, дел од бизнисите ќе добијат дозвола да бидат отворени по 3 мај, како библиотеките, книжарите, а истото може да се однесува и на спортистите. Италијанската фудбалска федерација (ФИГЦ) веќе направи протокол за работа на клубовите под овие вонредни услови, вклучувајќи детални тестови за можно оштетување на белите дробови и срцето, како и тестови на крвта за да се дознае дали фудбалерите се имуни или го прележале КОВИД-19.
Затоа се верува дека тимовите ќе се решат да ја искористат италијанската практика на „ритиро“, обично казнени тренинзи во изолација на крајот на април, за да се изолираат фудбалерите додека се направат тестовите.