Top Sport

Јохан Џуру ќе го тужи Сион за „нелегалниот“ отказ

Поранешниот фудбалер на Арсенал, Јохан Џуру потврди дека го тужи својот клуб Сион, откако швајцарскиот клуб го отпушти него и осум негови соиграчи кои одбија да им бидат намалени платите.

Контроверзниот претседател на клубот, Кристијан Константин го отпушти Џуру и осум други фудбалери (вклучувајќи го и Алекс Сонг), откако тие не му одговорија на пораката пратена преку „Ватсап“ апликацијата. Константин сакаше да ги постави фудбалерите на Сион на договор за „техничка невработеност“, со што тие би добивале намалена плата од 12.000 евра во периодот во кој трае кризата со корона вирусот.

Џуру, кој дојде во Сион во јануари, потврди дека оди на суд и бара отштета за ментално страдање и нарушување на репутацијата.

„Не одам на суд за да добијам пари или да се вратам во тимот. Но, оваа работам ора да има судска разрешница. Моите соиграчи и јас не сме ’платеници’ кои се мотивирани од парите како што некои не обвинија. Ако судот одлучи во моја корист, парите ќе ги дадам во добротворни цели“, изјави Џуру.

Покрај Сонг и Џуру отпуштени беа и Кристијан Цок, Пајтим Касами, Ермир Лењани, Ксавиер Куаси, Бирама Ндоје, Микаел Факинети и Сејду Думбија. Тие ја имаат поддршката на синдикатот на швајцарски фудбалери (САФП).

Џуру, кој има 75 настапи за швајцарската репрезентација се приклучи на Сион како слободен агент во јануари и одигра само два меча пред да го добие отказот.

Газдата на Сион го отпуштил целиот тим

Scroll to Top