Челниците на Премиерлигата во петок ќе одржат состанок на кој ќе го разгледаат барањето на клубовите сезоната да заврши до 30 јуни. Клубовите инсистираат на овој датум бидејќи потоа на голем број на фудбалерите ќе им завршат договорите.
„Скај Спортс“ тврди дека клубовите сакаат да ја завршат сезоната, никој не сака таа да биде прекината.
Претставници на најмалку девет клубови меѓусебно се договориле и побарале на ова тема да се изјаснат челниците на Премиерлигата.
Не се очекува дека конечната одлука ќе биде донесена во петок, бидејќи се уште не се знае под какви услови би можела да се продолжи сезоната.
До крајот на сезоната во Премиерлигата останаа уште девет рунди, Ливерпул е прв со 25 поени повеќе од Манчестер сити.