Top Sport

Клучните луѓе на Јувентус под истрага на финансовата полиција

Финансиската полиција, по налог на јавното обвинителство, за наводна проневера на 50.000.000 евра, извршила претрес во просторите на фудбалскиот клуб Јувентус. Покрај клубот, за финансиски малверзации, под истрага претседателот на клубот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и поранешниот спортски директор Фабио Паратичи, како и уште тројца вработени во клубот.

Финансиската полиција ги проверувала финансиските извештаи. Истрагата се однесува на пријавената добивка од трансферите на играчите и исплатените менаџерски провизии за сезоните 2018/19, 2019/20 и 2020/21.

Под посебна проверка е размената, која клубот ја направи со Барселона, кога Миралем Пјаниќ замина во Шпанија, а Артур Мело се пресели во Торино.

Истрагата на Јавното обвинителство наречена „Призма“, започнале во мај 2021 година. Целта на истрагата е да открие дали одредени правни лица имале корист од извршени кривични дела.

Scroll to Top