Top Sport

„Клупската визија се поклопува со моите очекувања и амбиции“

Лионел Меси, синоќа потпиша договор со ПСЖ. Аргентинецот во Париз пристигна како слободен играч од Барселона. На „Паркот на принцовите“, имаше фото-сесија во новиот дрес. Во ПСЖ, ќе го носи бројот 30, број кој го носеше во првата сениорска сезона во Барселона.

„Со нетрпение чекам да започне ново поглавје во мојата кариера. Клупската визија совршено се вклопува во моите очекувања и амбиции. Сакам да направам нешто големо за овој клуб и неговите навивачи. Со нетрпение чекам да заиграм на Паркот на принцовите“, рекол Меси.

Француските медиуми, не ја исклучуваат можноста, Меси да дебитира за ПСЖ, во сабота, против Старсбур.

Scroll to Top