Арсенал имаат разочарувачки старт на сезоната во Премиер лигата, и ако не се смени формата ќе ја имаат најлошата сезона од основањето на англиската елита.
Можеби е навистина неверојатно да се помисли на идејата дека „топчиите“ можат да се преселат во понизок ранг, посебно ако се знае репутацијата на клубот, но неодамна легендарниот капитен на Манчестер јунајтед, Рој Кин го посочи тоа прашање – со уверување дека Микел Артета ќе успее да собере доволно поени за да остане во лигата.
Најлошиот старт на една сезона во Премиер лигата беше потврден уште во ноември кога поразот од Вулверхемптон значеше дека собрале само 13 поени од првите 10 меча, најнизок скор од 1981/82. Една недела подоцна во декември, Микел Артета стана првиот тренер на Арсенал по Берти Ми во 1960-тите кој ги загубил првите две дербија на северен Лондон по 2:0 поразот од Тотенхем.
И сега, кога точно тие последен пат испаднале во втора лига?
Арсенал се во елитата во сите сезони од Премиер лигата (од 1992/93), но имаат испаѓано од поранешната англиска Дивизија 1. Последен пат тоа се случило на почетокот на 20-тиот век, поточно во сезоната 1912/13, кога под старото име Вулвич Арсенал биле последни во Лигата – 3 победи, 23 порази и само 18 поени.
„Топчиите“ се вратиле во елитата во сезоната 1919/20, како дел од планот на Фудбалската лига за да се зголеми бројот на тимови во натпреварувањето, односно без да изборат сами опстанок. Потоа следуваше првата златна ера на клубот во 1930-тите, 1940-тите и 1950-тите, а во модерно време ти се дел од таканаречената „голема шестка“, благодарение на успесите во 1990-тите и 2000-тите, под водство на Арсен Венгер.
Покрај ова испаѓање, Арсенал биле блиску до втората лига повеќе пати – биел 16. во 1974/75 и 17. во 1975/76. Оттогаш најслаб пласман им е 12. место во 1994/95 и затоа самата идеја за испаѓање од елитата е шокантно за навивачите, посебно поради постојаниот престој во елитата за разлика од клубови како Челси, Манчестер јунајтед или Манчестер сити.
Евертон се вториот клуб кој најдолго време е во елитата по Арсенал, откако без прекин се во првата лига од 1954/55, а ниту Ливерпул не се полоши – последен пат биле второлигаши во 1962/63.
Рој Кин: Арсенал ќе соберат доволно бодови за да останат во лигата