Top Sport

Кога дојде Роналдо беа први, вечерва Ал Наср остана без титулата

Кристијано Роналдо и Ал Наср останаа без шампионската титула во шампионатот на Саудиска Арабија. Португалецот по Мундијалот во Катар го засили Ал Насар, во тој момент клубот беше прв на табелата, пет месеци подоцна титулата ја освои ал Итихад.

Вечерва во рамките на 29. коло Ал Наср му гостуваше на Ал-Етифак и одигра 1:1. Голот за Ал Наср го постигна Луис Густаво.

Лидерот Ал-Итихад на гостински терен го победи Ал Феиха со 3:0 и пред последното коло стекна недостижна предност од пет бода.

Роналдо во Саудиска Арабија постигна 14 гола.

Scroll to Top