Top Sport

Кога ќе враќа Хари Кејн?

Најдобриот играч на Тотенхем се повреди на почетокот на година, поради што ја заврши сезоната, а под знак прашалник е и неговиот настап на Европското првенство. Во Тотенхем сепак се оптимисти дека капитенот би можел да се врати во тимот, во финишот на сезоната.

Тренерот на Тотенхем, Жозе Мурињо, открил дека би можел да смета на услугите на Кејн на последните два наптревари во Премиер лигата, против Лестер на 9 мај и Кристал Палас шест дена подоцна.

„Процесот на рехабилитација кај Кејн ќе потрае, сигурни сме дека ќе биде подготвен за последните два натпревари во Премиер лигата“, рекол Мурињо.

Исто така тој би бил во тимот и доколку Тотенхем обезбедат пласман во финалните мечеви во ФА купот и Лигата на шампионите. Според календарот овие финалиња ќе се играат кон крајот на мај.

Scroll to Top