Мино Раиола, долгогодишниот агент на Златан Ибрахимовиќ најави дека нескршливиот Швеѓанец би можел да игра уште 5 години, но прашање е што ќе биде кога ќе дојде времето за крај?
Ибрахимовиќ игра во топ форма, а има 39 години, па никој не ни помислува дека треба да привршува со кариерата.
Лидер е во тимот на Милан, 11 гола на 9 меча, секогаш кога е на теренот – ја прави разликата.
Раиола кој го познава во душата, смета дека Златан и кога ќе заврши со фудбалот ќе биде битен фактор во најважната споредна работа во светот.
„Тој и тогаш ќе се обиде да го менува светот. Можеби како претседател на некој клуб или, пак на УЕФА. Златан е роден за големи работи“ вели Раиола.