Top Sport

Кога се играат финалиња на натпреварувањата на УЕФА

По реванш натпреварите од полуфиналето на Лига Европа и Конференциската лига, синоќа, ги дознавме сите финалисти од овосезонските натпреварувања на УЕФА.

Во Лигата на Европа, Севилја го исфрли Јувентус по продолженијата. Севилја, со пресврт се пласираше во свеото седмо европско финале, шесто откако Лига Европа се игра во овој формат.

Рома одигра 0:0 со ретко виден бункер во Леверкузен и така ги спаси 1:0 од првиот натпревар во Рим. Тимот на Мурињо имаше само еден удар кон голот.

Во Конференциската лига во финалето ќе играат Фиорентина и Вест Хем. По продолженијата, Италијанците го победија Базел со 3:1, со гол во 130.минута, додека Вест Хем славеше и во реваншот над АЗ Алкмар.

Распоред на финалните натпревари:

Лига Европа, 31 мај, Пушкаш Арена (Будимпешта): Севилја – Рома

Конференциска лига, 7 јуни, Фортуна Арена (Прага): Фиорентина – Вест Хем

Лига на шампиони, 10 јуни, Олимписки стадион Ататурк (Истанбул): Манчестер Сити – Интер

Scroll to Top