Top Sport

„Кога со погрешен став ќе влезеш во натпревар, поразот е неизбежен“

Тренерот на Јувентус, Андреа Пирло, објаснил зошто неговите фудбалери биле поразени од Фиорентина. Јувентус, синоќа, го доживеа првиот пораз во Серија А. Фиорентина победи во Торино со 3:0.

„Со погрешен став влеговме во натпреварот. Кога на таков начин ќе влезеш во натпревар, неизбежни се вакви работи. Вакви работи се случуваат пред Божик, кога ќе почнеш да размислуваш каде ќе заминеш на одмор. Бевме деконцентрирани, нормално е што сме поразени. Сега ќе одиме на одмор, ќе ги „наполниме батериите“, а потоа можеме да анализираме какви грешки правевме во првиот дел од сезоната. Чувствуваме дека сме јаки, но ако сега Милан и Интер се пред нас, тоа значи дека до сега тие биле подобри. Не можеме да се лажеме, тие сега се фаворити за титулата“, рекол Пирло.

Јувентус заедно со Наполи и Рома го делат третото место во Серија А, овие три тима имаат по 24 поени, пред нив се Интер со 30 и Милан со 31 бод.

Scroll to Top