Top Sport

Кој ако не Меси! Барса победи во Билбао

Лионел Меси со одличен гол и донесе на Барселона деветта победа во 10 меча во Примера оваа сезона, откако со 2:0 „Блауграна“ славеа на тешкото гостување кај Атлетик Билбао.

Победата подоцна во 90. минута од мечот ја потврди Паулињо во акција на тројца играчи на Барселона, во која повторно беше вклучен и Меси.

Со победата, Барселона се зацврсти на првото место во Ла лига со 28 поени и гол разлика 27:3, четири повеќе од Валенсија, која претходно со 2:1 славеше кај Алавес и сега има 24 поени. Реал Мадрид, кој утре гостува во Каталонија кај Џирона има 20 поени со натпревар помалку.


Scroll to Top