Top Sport

Кој би се обложил на тоа? Тимо Вернер даде гол за водство на Челси против Реал!

Тимо Вернер, германскиот напаѓач кој последните неколку месеци беше на насловните страници поради неговите неверојатни промашувања (вклучувајќи го и легендарното против Македонија), успеа да им донесе водство на Челси од 1:0 во вториот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид.

Откако првиот меч во Мадрид заврши 1:1, овој резултат ги носи Челси во финале, иако само еден гол во мрежата на „сините“ значи продолжувања.

Голот „падна“ во 28. минута, кога по една убава акција, обидот на Каи Хаверц заврши во пречката, по што Вернер смирено ја смести во голот. Да биде изненадувањето уште поголемо, Вернер постигна гол и во 18. минута, кој потоа беше поништен поради офсајд по прегледот на ВАР снимките.

Scroll to Top