Top Sport

УЕФА не простува – двегодишна суспензија за Реал, Милан, Барса и Јуве?

УЕФА е подготвена да им даде сурови казни на клубовите кои уште не се откажале од проектот на Суперлигата, тврди „ЕСПН“, објаснувајќи дека се подготвува двегодишна суспензија од европските натпреварувања.

УЕФА во последните 10 дена разговара со 12-те клубови кои ја формираа Суперлигата (Манчестер јунајтед, Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем, Челси, Ливерпул, Реал Мадрид, Атлетико Мадрид, Барселона, Интер, Јувентус и Милан) во обид да се договори помала казна за тие кои се откажаа, но со формална декларација за целосно откажување од проектот. Според „ЕСПН“, сите клубови се договорени, освен Интер, кои се блиску до договор, додека Јувентус, Реал Мадрид, Барселона и Милан засега остануваат на своите позиции.

УЕФА ќе се повика на 51 член од нивниот статус во кој се вели дека „не може да се формираат комбинации и алијанси меѓу клубови без дозвола на УЕФА“. Четирите клуба веруваат дека имаат легална подлога бидејќи првичните документи на Суперлигата побараа дозвола од УЕФА и ФИФА за натпреварувањето. Дополнителен проблем на УЕФА е одлуката на трговскиот суд во Мадрид за „замрзнување“ на било кои казни додека случајот не се реши на суд.

Сепак, надежта на УЕФА е тоа што ако 9 клуба од 12-те формално се откажат од Суперлигата, според нивниот статус, проектот се поништува, бидејќи не сака да влезе во легална битка која може да ја загуби.

 

4Anime bleach 4anime: Watch Naruto: Shippuden Episode 332 (https://4anime.biz/m/nOy/ep-332)

AniWatch anime: Watch The Hidden Dungeon Only I Can Enter Episode 1

Scroll to Top