Top Sport

Кој е голиот човек од натпреварот Гранада-Манчестер јунајтед?

Човекот, кој синоќа влета гол на „Лос Карменес“ и на неколку минути го прекина натпреварот Гранда-Манчестер јунајтед, е Олмо Гарсија, познат бизнисмен од овој град.

Гарсија, во градот е познат по тоа што некогаш се појавува гол на јавни места.

Неговото објаснување за ваквото однесување е борба за одржливоста на човечката раса и природната средина.

Во минатото тој е снимен како шета гол на улица и во локалниот трговски центар.

 

Scroll to Top