Top Sport

Сенаторите во соблекувалната сакале Нејмар да се врати во Барселона

Нејмар, повторно се поврзува со Барселона, и покрај тоа што со ПСЖ договорил да ја продолжи соработката до 2026 година, за годишна плата од 36 милиони евра. Уште потписот недостига за овој договор да стане официјален, меѓутоа Нејмар го одложил потпишувањето. Според шпанските медиуми тој сакал да се врати во Барселона.

Играчите на Барселона, немале ништо против Нејмар да се врати на „Ноу Камп“. Како што пишува „Мундо Депортиво“, евентуалното враќање на Бразиелцот најмногу го поддржале оние со кои бил соиграч во првиот мандат.

Нејмар, во периодот од 2013 до 2017 година играше во Барселона. Со Каталонците ја освои Лигата на шампионите, два пати се радуваше на трофејот во Ла Лига.

Пред четири години, за светски рекорд од 222 милини евра тој се пресели во ПСЖ.

Scroll to Top