По големите шпекулации околу иднината на Роман Абрамович како газда на Челси, швајцарскиот милијардер Хансјорг Вис станува прв кандидат да стане нов сопственик на „сините“ од „Стемфорд Бриџ“.
Самиот Вис го призна ова, велејќи дека тој и уште три богаташи добиле понуда од луѓето на Абрамович да го купат актуелниот европски шампион.
„Абрамович се обидува да ги продаде сите вили во Англија. Исто така сака да се ослободи од Челси бргу. Јас и тројца други луѓе добивме понуда во вторник да го купиме клубот. Сега треба да почекам четири-пет дена, бидејќи во моментов Абрамович бара премногу. Знаете, Челси му должи 2 милијарди фунти, а Челси нема пари. Можам да замислам да го купам Челси, но прво мора да ги знаеме условите. Ако го направам ова ќе одам со некој конзорциум со пет-шест инвеститори“, вели Вис во интервју за швајцарскиот весник „Блик“.
И кој е Хансјорг Вис?
Роден во 1935 година во Берн, Вис го направи своето богатство преку „Синтес“, компанија која ја оформи во 1970-тите и која продава медицинска опрема. Едуциран на Швајцарскиот федерален институт за технологија во Цирих, тој бил образуван и на Харвард, и од 1960-тите години живее во САД.
Вис, кој ќе го прослави својот 86. роденден во 2021 година има бизинси и во владина инфраструктура во САД, челичната индустрија и авио-индустријата. Тој во 2012 година го продаде „Синтес“ на „Џонсон & Џонсон“ за 20 милијарди долари.
Вис е познат и како филантроп со огромни домации за најразлични цели, вклучувајќи едукација, климатски промени и биолошки иженеринг.