Познатиот фудбалски тренер Свен-Горан Ериксон бил гостин на „Скај Спорт“. Швеѓанецот добил задача да одбере 11 најдобри играчи со кои имал можност да работи, со услов да направи поделба помеѓу Англичаните и остатокот на светот.
Бидејќи четири години беше селектор на репрезентацијата на Англија логичен е изборот на Ериксен за тимот составен само од Англичани.
Кога станува збор за остатокот на светот во тимот се легендарни играчи како Гулит, Верон, Роберто Баџо, а поради големата конкуренција Недвед, Фалкако и актуелниот италијански селектор Манчини не се ставени на своите природни позиции.
Бидејќи имал можност да работи со Синиша Михајловиќ и Дејвид Бекам, Ериксен одоговирл и на прашањето кој од овие двајца е подобар изведувач на слободните удари.
„Михајловиќ или Бакам? Че морам да го изберам Михајловиќ…“, рекол Ериксон.