Top Sport

Наредните две кола без публика во Шпанија

Поради опасноста од ширењето на коронавирусот шпанската влада донесе да ги затвори стадионите во наредните две кола во Ла Лига и Сегунда.

Поради оваа одлука в недела без публика ќе се играат дерби мечевите помеѓу Атлетик Билбао и Алтетико Мадрид, односно Севилја и Бетис.

Забраната најмногу ќе му наштети на Реал Мадрид бидејќи во наредните две кола ќе игра на домашен терен против Еибар (петок) и Валенсија (21 март). Од друга страна одлуката може да се покаже како добра за Атлетико Мадрид бидејќи тимот на Чоло Симеоне во наредните две кола има две тешки гостувања најпрвин в недела во Билабо, а потоа на 20 март во Памплона кај Осасуна.

Ла Лига, 28.коло:

Реал Мадрид-Еибар
Леганес-Валјадолид
Валенсија-Леванте
Мајорка-Барселона
Селта-Вилјареал
Еспањол-Алавес
Реал Сосиедад-Осасуна
Гранада-Хетафе
Атлетик Билабо-Атлетико Мадрид
Севилја-Бетис

Ла Лига, 29 коло:

Осасуна-Атлетико Мадрид
Валјадолид-Селта
Реал Мадрид-Валенсија
Алавес-Реал Сосиедад
Еибар-Атлетик Билабо
Вилјареал-Мајорка
Бетис-Гранада
Хетафе-Еспањол
Леванте-Севилја
Барселона-Леганес

Scroll to Top