Top Sport

Кој губи има право да се лути? Бонучи ќе се тепаше со секретарот на Интер

Според италијанскиот весник „Ил темпо“, фудбалерот на Јувентус, Леонардо Бонучи бил толку лут на секретарот на Интер, Кристијано Моциљо по вчерашниот 2:1 пораз во Суперкупот на Италија што му порачал дека ќе го убие, закана за која може да добие суспензија.

Бонучи се подготвуваше да влезе во игра во последните минути од продолженијата, пред Алексис Санчез да постигне гол во 120. минута за 2:1 победа на Интер и шеста титула од Суперкопа, и на Бонучи му пречело провокативното славење на клупата на Интер.

„Не слави во мојата фаца, што е.ано правиш? Ќе те убијам“, врескал Бонучи.

Моциљо се обиде да се тргне од ситуацијата, и иако немаше поголем конфликт според „Ил темпо“, спортскиот судија може да му одреди суспензија на Бонучи.

Scroll to Top