Top Sport

Кој има најдобри тифози во ЛШ?

Британскиот Би-Би-Си пред четвртото коло од Лигата на шампиони, направи интересна споредба на најдобрите тифози на европските клубови и нивните кореографии.

Ви го претставуваме нивниот избор, а за омилената кореографија можете да гласате на нивниот веб-сајт.

СПАРТАК МОСКВА – ЛИВЕРПУЛ, СЕПТЕМВРИ 2017

Навивачите на Спартак имаат мото: „Победи или умри“, а по сè изгледа истото мото го применуваат на кореографијата. Натпреварот заврши без голови, но атмосферата беше фантастична.

ОЛИМПИЈАКОС – СПОРТИНГ ЛИСАБОН, СЕПТЕМВРИ 2017

Грчките фанови секогаш се високо на листата според пожртвуваноста, а тука порачуваат: „Поклони се пред грчкиот бог“.

РЕАЛ МАДРИД – АТЛЕТИКО МАДРИД; МАЈ 2017

Бернабеу изгледаше фантастично за градското дерби кое беше и полуфинале од Лигата на шампионите во мај, кога Реал имаа само 12 купови. „Decidme que se siento“ беше пораката до соседите – „кажи ми како се чувствуваш“.

АТЛЕТИКО МАДРИД – РЕАЛ МАДРИД, МАЈ 2017

Атлетико врати во домашниот натпревар со порака „Orgullosos de no ser como vosotros“ или „среќни сме што не сме како вас“. Победата од 2:1 не беше доволна за Атлетико да помине.

БОРУСИЈА ДОРТМУНД – БЕНФИКА, МАРТ 2017

Дортмунд се едни од фаворитите во оваа категорија. Пред домашниот натпревар фановите на „милионерите“ се потсетија на минатото: „Утре весниците повторно ќе пишуваат – Борусија игра со Бенфика“. Ова беше потсетување на 1963, кога ја победија Бенфика со 5:0 за да надополнат 2:1 разлика од првиот меч. Овојпат Дортмунд победи со 4:0

ЛЕГИЈА ВАРШАВА – БОРУСИЈА ДОРТМУНД, СЕПТЕМВРИ 2016

Легија се врати во „првата европска лига“ со овој прекрасен момент. За жал, на теренот тие загубија со 6:0 од германските гости.

ГАЛАТАСАРАЈ – РЕАЛ МАДРИД, СЕПТЕМВРИ 2013

„Едно кралство, Галатасарај“, стои едноставната порака на гигантот од Истанбул за мечот по групи со „кралскиот клуб“ во 2013. Претходната сезона тие се сретнаа во четврт-финалето, кога беше тесно. Оваа вечер, Шпанците победија со 6:1.

СЕЛТИК – БАРСЕЛОНА, НОЕМВРИ 2012

„Зелената бригада“ на Селтик постави шоу за 125-годишнината на тимот од Глазгов, а играчите помогнаа со славна победа над Барселона.

Scroll to Top