Top Sport

Гранел открива зошто Роналдо не сакал да го смени дресот

Кристијано Роналдо си замина од стадионот „Монтливи“ во Џирона лут по 2:1 поразот од каталонскиот тим, а сега нивниот втор капитен Алекс Гранел открива зошто ѕвездата на Реал одбил да менува дресови.

Гранел ова го објасни на радио-шоуто „Фрикандо Матинер“, велејќи дека Португалецот сметал дека неговиот тим играл валкано.

„Тој ми кажа дека не го сака тоа бидејќи не му се допаѓа како ги игравме последните минути од натпреварот. Ми кажа дека изгледам како добар играч, но дека не сака да го смени дресот со мене“, вели Гранел.
Embed from Getty Images
Тој додава дека сфаќа дека зошто Роналдо е нервозен по поразот од тимот кој лани беше второлигаш, и признава дека можеби во финишот на мечот тие го одолговлекувале времето.

„Му кажав дека тоа што го направивме не е чудо, туку е само голем подвиг. Имавме лошо искуство во минатото кога игравме премногу коректно. Можеби немаше да влеземе во првата лига да игравме така“, објаснува Гранел.

Реал падна во срцето на каталонската независност (Видео)

Scroll to Top