Top Sport

Кој ќе биде новиот тренер на Јувентус?

Ерата на Масимилијано Алегри во Јувентус заврши минатата недела. Алегри не успеа да ја оствари главната амбиција на клубот, односно не успеа да ја освои Лигата на шампионите. „Старата дама“ со исти амбиции, но со нов тренер ќе влезе во новата сезона, прашање е само кој ќе седне на „жешкото“ столче.

Од моментот кога Алегри објави дека заминува од Јувентус, медиумите започнаа со шпекулациите околу името на новиот тренер.

Двајца од таа листа што ја имаат медиумите веќе отпаднаа, селекторот на Франција Дидие Дешам и Џан Пјеро Гасперини. Дешам, инаку поранешен тренер на Јувентус, вчера соопшти дека не е заинтересиран за враќање во клубот, додека Гасперини кој сезонава постигна брилијантни резултати со Аталанта, ќе оди во Рома.

Најреалната опција, барем според Италијаните е Маурицио Покетино. Менаџерот на Тотенхем наводно бил заинтересиран, а одлуката на првиот човек на клубот Даниел Леви ќе му ја соопштел по финалето во Лигата на шампионите.

Проблем може да претставува само обесштетувањето што стои во договорот на Покетино, а изнесува 40 милиони евра.

Сериозно се шпекулира и со името на Пеп Гвардиола, кој има договор со Манчестер сити до 2020 година. Тој би можел да замине само доколку Сити бидат исфрлени од Лигата на шампионите.

Една од опциите е и Маурицио Сари, актуелниот менаџер на Челси, кој заврши одлична работа со Наполи. Сари не е омилен во Лондон и по завршувањето на сезоната ќе се врати во Италија.

Во комбинација уште се и Антонио Конте, иако тој е многу поблиску до клупата на Интер, односно Симоне Инзаги, кој пред неколку дена ја осови со Лацио титулата во Купот на Италија.

Scroll to Top