Top Sport

Во Дортмунд официјализран трансферот на Азар

Торган Азар и официјално стана играч на Борусија Дортмунд. Бегиецот го смени градот но не и името на клубот, бидејќи до неодамна настапуваше за Борусија од Менхенгладбах. Братот на ѕвездата на Челси, Еден Азар, со Дортмунд потпишал договор до 2024 година.

Борусија од Дортмунд на имењакот од Менхенгладбах за трансферот ќе му плати 25,5 милиони евра.

Азар сезоната ја заврши со 10 гола и 10 асистенции.

Белгиецот е второто засилување за Борусија од завршувањето на сезоната, откако договор со „милионерите“ потпиша и левиот бек на Хофенхајм и германската репрезентација Нико Шулц.

Според германските медиуми, наскоро на „Вестфален“ ќе пристигне и Јулијан Брант од Баер Леверкузен.

Scroll to Top