Top Sport

Кој му дава на Вида камера? Овојпат со поздрави до „Белград!“ и песна на Тома Здравковиќ (видео)

Домагој Вида, заедно со сега веќе поранешниот дел од тренерскиот тим на Хрватска, Огњен Вукојевиќ предизвика бурна реакција со своето видео во кое порачуваат „Слава на Украина“ по победата на пенали на Русија, но дефанзивецот на Фенербахче очигледно има фетиш кон камерите и пораките.

Иако не е јасно кога е снимен овој клип, пораките се јасни. Вида е покрај Ивица Олиќ и со пиво во раката ја споменува Украина, но и „Београд“, иако не се работи за српската престолнина, туку за кафеана со такво име во Киев. Песната е „кафеанска“ – од Тома Здравковиќ.

„Ајде кафано, плаќам кога ќе дојдам. Слава на Украина, ’Београд’ гори“, вели Вида.

Хрватите го отпуштија Вукојевиќ за украинскиот поздрав

Scroll to Top