Top Sport

Леброн официјално е играч на ЛА Лејкерс

Најдобриот кошаркар на денешнината Леброн Џејмс официјално стана играч на ЛА Лејкерс, соопшти НБА лигата на својата официјална интернет страница.

Џејмс со Лејкерс потпишал четири годишен договор вреден 154 милиони долари. Доаѓањето на „Кралот Џејмс“ во Лос Анџелес беше најавен пред десет дена, а сега само е официјализирана соработката.

Леброн во Лејкерс пристигна од Кливленд Кавалирс, каде што можеше да остане уште една сезона и да заработи 35,6 милиони долари, меѓутоа тој ја одбра опцијата да стене слободен играч и да го смени клубот.

Џејмс зад себе има брилијантна сезона, но не успеа да му ја донесе шампионската титула на Кливленд. Во регуларниот дел од сезоната бележел по 27,5 поени, 8,6 скока и 9,1 асистенции по натпревар, додека во плеј-офот учинокот му е уште подобар (34 поени, 9 скока, 9 асистенции).

Scroll to Top