Баерн и менаџерот на Кингсли Коман ги продолжиле преговорите околу новиот договор. „Билд“, тврди дека преговорите продолжиле откако двете страни г надминале претходните несогласувања.
Не е тајна дека менаџерот и фудбалерот, во летниот преоден рок, се обидоа да се оддалечат од Баерн. Тогаш медиумите шпекулираа дека тој би можел да се врати во ПСЖ.
Договорот на Коман со Баерн истекува во јуни 2023 година.
Во меѓувреме, интерес за Коман, барем според медиумските шпекулации, покажале и од Јувентус и Барселона.
Коман (25), во Баерн е од 2015 година. Првите две години во Минхен ги мина како позајмен фудбалер од Јувентус, Баварците во 2017 година го откупија неговиот договор.
Коман е херојот на Баерн од финалето во Лигата на шампионите одиграно во август 2020 година. Баерн, во Лисабон, со неговиот гол го победи ПСЖ.