Иако самиот признава дека е „мадридиста“, претседателот на шпанската Ла лига, Хавиер Тебас вели дека нема сомнеж кој е најдобриот фудбалер на сите времиња – Лионел Меси.
Тебас, кој пред да стане претседател на лигата работеше во дури 11 различни шпански клубови, неодамна дури посочи дека некој трофеј мора да се именува по напаѓачот на Барселона, за да се одбележи најдобриот фудбалер во историјата на лигата.
„Јас сум мадридиста, но секој кој вели дека Меси не е најдобриот фудбалер во историјата, едноставно не знае ништо за фудбалот“, вели 56-годишниот Тебас во интервју за радиото „ОНЦЕ“.