Top Sport

Кој вели дека Солскјер е „добро момче“?

 

Оле Гунар Солскјер покажа една страна на неговиот карактер која ретко сме ја виделе досега, откако влезе во остра расправија со тренерот на Шефилд јунајтед, Крис Вајлдер во 94. минута од 3:2 победата на „ѓаволите“.

Ова дојде откако Итан Ампаду имаше помалку циничен фаул над Маркус Рашфорд и тоа го разлути Солскјер и директно го нападна Вајлдер.

За многумина, ова беше помалку изненадувачка ситуација, бидејќи Норвежанецот обично го опишуваа како „добро момче“ кој наликува на „учител по физичко“ со насмевки на лицето.

Но, поранешниот дефанзивец на Јунајтед, Крис Смолинг уште во февруари 2012 ги предупреди навивачите за карактерот на Оле.

„Мислам дека Оле има една незгодна страна на неговиот карактер. Секој менаџер го има тоа, кога е потребно да се свртат работите“, вели Смолинг.

Самиот Солскјер по мечот призна дека претерал.

„Не ми пречат фер стартови, но имаше некои лоши пред мене. Сепак, тоа е вистински натпревар и таков треба да биде фудбалот. Можеби малку претерав и веднаш се извинив. Ќе одиме на пијачка подоцна“, изјави Солскјер.

Scroll to Top