Top Sport

Кој вели не го сакаат? Нејмар доби статуа во центарот на Париз

И покрај тоа што ова лето многу навивачи на Пари Сен-Жермен му свртеа грб по неговата желба да замине во Барселона, Нејмар доби огромна чест во француската престолнина – триметарска статуа.

Од денеска до 14 ноември, триметарска статуа од главта на 27-годишниот Бразилец ќе биде изложена пред хотелот „Жорж петти“ во Париз. Статуата е дизајнирана од бразилскиот уметник Маркос Марин и е дел од изложбата на 50 скулптури.

„Ова дело е направено за СП во 2018 во Русија и не можев да изддржам да не го донесам во Париз“, изјави Марин.

Нејмар имаше турбулентна 2019 – прво со сериозна повреда на стапалото поради која пропушти голем број на мечеви во крајот на сезоната, а потоа во текот на летото тој беше прва тема на шпекулациите откако изрази желба да се врати во Шпанија. ПСЖ даде невозможни услови и го заддржа Нејмар во Париз, но навивачите на ПСЖ не му простија.

Кога се врати на теренот, тој постигна четири гола во пет меча, пред повторно да го повреди бутниот мускул при мечот Бразил-Сенегал и да биде во аут до средината на ноември.

Scroll to Top