Top Sport

Де Хеа и Погба нема да играат против Ливерпул

Пол Погба и Давид де Хеа нема да можат да настапат за Манчестер јунајтед во големото дерби против Ливерпул на „Олд Трафорд“, додавајќи дополнителни главоболки на Оле Гунар Солскјер со повредените играчи.

Јунајтед ги пречекуваат Ливерпул во недела попладне, во обид да го прекинат стоотстотниот старт на „црвените“ по осум меча во Премиер лигата, но според „Скај спортс“ меѓу достапните фудбалери нема да бидат двете најголеми ѕвезди Погба и Де Хеа.

Де Хеа се повреди вчера на мечот помеѓу Шпанија и Шведска откако истегна мускул во бутниот мускул, додека Погба уште не се опорави од повредата на стапалото и покрај тоа што беше во Дубаи на посебна рехабилитација на топло време. Уште полошо, Погба најверојатно ќе биде во аут до крајот на месецот.

Scroll to Top