Top Sport

Кој вели нема трансфери? Норич потпишаа со Синани

И покрај тоа што многумина се загрижени како ќе изгледа светот на фудбалските трансфери по крајот на корона кризата, Норич денеска се пофалија дека потпишале пред-договор со луксембуршкиот репрезентативец Данел Синани, кој ќе пристигне на „Кероу роуд“ како слободен фудбалер следната сезона.

23-годишниот напаѓач ќе добие тригодишен договор и ќе остане со Норич барем до 2023 година, а досега беше фудбалер на Ф91 Дуделанж.

Норич се на последното место во Премиер лигата во моментов со осум поени под зоната за испаѓање на само осум кола пред крајот на шампионатот, така што Синани не знае дали ќе се приклучи на Премиерлигаш или на второлигаш.

Синани ќе стане првиот фудбалер од Луксембург кој играл во Премиер лигата, доколку Норич успеат да направат подвиг и останат во елитата.

Scroll to Top