Меѓу настраданите во падот на хеликоптерот на сопственикот на фудбалскиот клуб Лестер, Вичаи Шриваданапраба (60), била и една убавица од Тајланд. Англиските медиуми се обидуваат да откријат што работела Нурсара Сукнамаи во тимот на газдата на Лестер и што барала таа на кобниот лет.
„Зара“ како што и бил прекарот на оваа убавица, била најдоверливата личност во тимот на Вишаи, а според медиумите неколку години тие биле во љубовна врска.
Нурсара Сукнамаи – Зара, имала 30 години, а јавноста во Тајланд за неа слушнала прв пат кога била втора на тајландскиот избор за Мис на Универзумот. На овој избор, одржан во 2005 година во Бангкок, била прогласена за Мис на фотогеничност.
Таа често била присутна на натпреварите на Лестер, а откако беше објавено дека и таа загинала во несреќата, навивачите на социјалните мрежи оставаат проштални пораки.
Била позната како вистински фитнес фанатик, бидејќи на социјалните мрежи често објавувала фотографии од своите вежби.