Top Sport

Кокеза им се извини на Србите, за селекторот по мечот со Литванија

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија (ФСС) Славиша Кокеза на вонредна прес конференција проговорил за катастрофалниот пораз од Украина (5:0). Кокеза им се извинил на граѓаните за дебаклот на националниот тим.

Кокеза ја презел одговорноста за поразот, но истата малку ја пренасочил и кон стручниот штаб и фудбалерите.

„Спорен за мене и за сите во Сојузот е начинот на кој го загубивме мечот. Одговорноста паѓа врз мене , но и на стручниот штаб и играчите. Не се боревме против Украина, тоа повеќе не смее да се повтори. Овие играчи мора да даваат се од себе кога играат за националниот тим дури и повеќе од она што го прават кога играат за своите клубови. Дресот на Србија не треба да им биде помалку вреден од оној на нивните клубови“, рекол првиот човек на ФСС.

Србија, во понеделник, ќе ја пречека Литванија. Кокеза најавил дека по тој меч ќе бидат спроведени анализи и ќе бидат донесени некои одлуки.

Инаку српските медиуми шпекулираат дека селекторот Младен Крстајиќ ќе добие отказ веднаш по натпреварот со Литванија.

Scroll to Top