Top Sport

Коларов една година во Интер

Фудбалскиот клуб Интер го потврди трансферот на Александар Коларов. Капитенот на репрезентацијата на Србија изминатите три сезони го носеше дресот на Рома. „Волчицата“ од трансферот ќе заработи 2.000.000 евра.

Коларов има 34 години, кариерата ја започнал во Чукарички, потоа играч за ОФК Београд, Лацио, Манчестер сити и Рома.

Со Интер тој потпишал едно годишен договор, со можност истиот да биде продолжен за уште една сезона. Интер за неговата плата ќе издвои 3.000.000 евра.

Конкурент за место во тимот ќе му биде Ешли Јанг.

 

Scroll to Top