Поранешниот капитен на репрезентацијата на Србија, Александар Коларов, открил зошто одбил да игра во баражот против Шкотска. Србија, на домашен терен, не успеа да ја победи Шкотска и да избори пласман на ЕУРО 2020.
Коларов, во ноември минатата година, беше со репрезентацијата, но неколку часа пред клучниот натпревар, го известил тогашниот селектор Љубиша Тумбаковиќ дека поради повреда нема да може да игра.
Коларов на својата рака ја донел оваа одлука, откако претходно медицинскиот тим проценил дека тој може да игра. Коларов инсистирал да остане на клупата, а во продолженијата одбил да влезе во игра за да не биде еден од изведувачите на пенали.
„Одлуката да не играм беше лично моја, не е точно дека тренерот Конте ми забранил да играм. Некои одлуки носев на своја рака, не бев здрав, можев да излезам на теренот, па по три минути да побарам измена. Ќе беше во ред да направам така?“, рекол Коларов.