Асот на Рома, Александер Коларов не е задоволен од одлуката на дел од репрезентативците на Црна Гора да настапуваат за оваа репрезентација, иако се Срби.
По независноста на Црна Гора во 2006 година, голем број на спортисти од оваа земја играа за Србија, како Андрија Прлаиновиќ и Душан Мандиќ во ватерполо репрезентацијата, Дарко Станиќ и Михајло Марсениќ во ракомет, додека во фудбалот ситуацијата е малку поинаква. Тука повеќе Срби играат за Црна Гора, како Никола Дринчиќ, Владимир Волков, Станиша Мандиќ, Адам Марушиќ и Филип Стојковиќ. Токму за Марушиќ и Стојковиќ, Коларов не сфаќа зошто играат за соседите.
„Со Стојковиќ и Марушиќ ќе имавме посилна репрезентација, но тие не веруваа самите во себе. Јас отидов во Лацио и не играв за репрезентацијата, па не заиграв за Црна Гора. Како можеш да играш за Црна Гора ако не си Црногорец, за Австрија ако не си Австриец. Не се работи за клуб, туку за репрезентација. Тие не веруваа дека ќе можат да најдат место во репрезентацијата за Србија“, вели Коларов.