Top Sport

Милман го среди Федерер

Австралиецот Џон Милман приреди вистинска сензација на последниот гренд слем турнир, Флешинг Медоуз, откако во осмина-финалето го елиминираше Роџер Федерер. Швајцарецот го доби првиот сет, но потоа Милман започна да игра како во транс, доби три сета и избори дуел со Новак Ѓоковиќ во четврт-финалето на турнирот.

Тенисерот од Австралија до победата стигна со 3:6, 7:6, 7:5, 7:6.

Првиот сет воопшто не навести дека Милнам може да му пружи некаков отпор на Федерер, бидејќи играчот со најмногу гренд слем титули, за само половина час го доби првиот сет.

Меѓутоа, Милман на почетокот на вториот сет покажа дека нема намера да се предаде без борба. Првиот гем во вториот сет донесе 15-минутна борба, во која Швајцарецот спаси седум брејк топки.

foto: epa

Федерер имаше брејк предност и во вториот сет, Милман се врати во сетот, а потоа во тај-брејкот израмни на 1:1.

Третиот сет го реши еден брејк кој го направи Милман, а во четвртиот сет Австралиецот успеа најпрвин да го врати брејкот, а потоа како и вториот и овој сет го доби во тај-брејкот. Пласманот во четврт-финалето е најголемиот успех во кариерата за Милман на гренд-слем турнирите.

Противник на Милман во четврт-финалето ќе му биде Новак Ѓоковиќ.

Scroll to Top