Top Sport

Коларов ќе добие нов договор и функција во Рома

Фудбалскиот клуб Рома подготвил нов договор за капитенот на репрезентацијата на Србија Александар Коларов, објавија италијанските медиуми.

„Газета дело Спорт“ пишува дека Коларов ќе добие нов едно годишен договор, со опција соработката да биде продолжена за уште една сезона. Годишно Коларов би заработувал три милиони евра.

Исто така челниците на клубот покрај овој договор ќе му понуделе на Србинот функција во клубот откако ќе ја заврши кариерата.

Актуелниот договор на Коларов со Рома истекува на крајот од сезоната. Коларов е играч на Рома од 2017 година.

Scroll to Top