Top Sport

Коларов најави крај на репрезентативната кариера

Капитенот на фудбалската репрезентација на Србија Александар Коларов го најавил своето повлекување од националниот тим.

Доколку Србија избори пласман на Европското првенство Коларов ќе игра за Србија до наредното лето, во спротивно од репрезентацијата ќе се пензионира во октомври.

Србија ќе игра бараж за пласман на Европското првенство, на 8 октомври ќе гостува во Норвешка. Победникот од овој дуел за место на континенталниот шампионат ќе се бори против Шкотска или Израел.

„Коларов наскоро ќе наполни 35 години, најави дека наскоро ќе се повлече. Тоа ќе го направи по завршувањето на овој циклус, односно после ЕП или можеби и порано доколку не се пласираме“, рекол Матијашевиќ.

Коларов за Србија дебитирал во 2008 година, во меѓувреме одиграл 90 натпревари и постигнал 11 гола.

Scroll to Top