Top Sport

Коларов се сели од Рома во Фенербахче!

Капитенот на српската фудбалска репрезентација, Александар Кларов, според пишувањето на турските медиуми е блиску до преселба во Истанбул.

Дефанзивецот на Рома, неофицијално, ќе се пресели во Фенербахче со годишна плата од 2,8 милиони евра. Тој ќе потпише двегодишен договор, со можност за дополнителна уште една година.

Во тимот на Фенербахче може да се направи „балканска колонија“.

Доколку Коларов потпише за „жолто-црните“ од Истанбул, ќе му стане соиграч на нашиот Елиф Елмас (ако остане во Фенербахче). Постои можност Душко Тошиќ од Кина да се врати во Истанбул, потпис за клубот треба да стави и Србинот Љубомир Фејс, додека дел од тимот веќе е Адем Љаиќ.

Scroll to Top