Top Sport

Поминаа 33 години од „божјата рака“ на Марадона (видео)

На денешен ден пред 33 години се одигра четвртфиналниот меч на Светското првенство во Мексико меѓу Аргентина и Англија, победија Аргентинците со 2-1.

Мечот го одбележа Диего Армандо Марадона со два погодока, од кои првиот го постигна со рака, а вториот по продорот и сјајниот дриблинг со што го реши пласманот во полуфиналето.

За тој гол се прераскажува три децении, па затоа голот го викаат „божјата рака“.

Тој неодамна одби да им се извини на Англичаните поради тој гол што беше постигнат а нерегуларен начин.

„Ние Аргентинците не знаевме што се случува. Во реалноста Англија водеше 20-0, знам дека голот го дадов со рака. Не планиравав, но се случи се многу брзо и помошниот судија не ја виде мојата испружена рака“ – рече неодамна Марадона.

Потсетете се:

Scroll to Top