Играчите на Рома поради лошите резултати, а особено по дебаклот од Фиорентина (7:1) во Купот на Италија, немаат мир од своите навивачи. Ултрасите на Рома го каменуваа автобусот, кој ги превезувал играчите од аеродромот до тренинг центарот, кога тие се враќаа од Фиренца.
Првиот тренинг по тој меч беше под силно полициско обезбедување, бидејќи ултрасите не добија можност да одржат состанок со клупските челници.
Последне кој се најде на ударот на ултрасите е српскиот репрезентативец Александар Коларов, инаку стрелецот на единствениот гол против Фиорентина.
Коларов заедно со Манолас го навлекле гневот на навивачите бидејќи минатата сабота, по ремито со Аталанта (3:3), им возвратиле на вербалните навреди.
„Коларов спушти се на земја“ и „Коларов ти си по…н Хрват“, напишале ултрасите на ѕидовите на куќата во која живее капитенот на српската репрезентација.