Top Sport

Колашинац „ги шие“ Пјаниќ и Џеко според годишната плата!

Играчот од средниот ред на Јувентус, репрезентативецот на БиХ, Миралем Пјаниќ доби покачување на годишната плата за 2 милиони евра, но тој и понатаму не е најплатениот фудбалер од БиХ.

Дефанзивецот на Арсенал, Сеад Колашинац е убедливо најплатениот фудбалер во земјата со неделна плата од 133.500 евра или над 7 милиони евра на годишно ниво.

Зад него е Пјаниќ кој сега, со покачувањето во Јувентус, ќе добива 6.5 милиони евра годишно.

Трет на листата е Един Џеко кој годишно заработува по 4,5 милиони евра во Рома. Сега останува дали ќе се пресели во Интер и колкава ќе му биде таму годишната плата.

Scroll to Top