Top Sport

Англичаните навредени од прославата на голот на Американката Морган

САД вчера ја совлада Англија со 2:1 за да се пласира во финалето на Светското првенство за жени, а стрелец на победничкиот гол беше Алекс Морган, која ги вознемири Англичаните со својата прослава како да пие чај.

Дел од англиските  медиуми сметаа дека начинот на прослава е директна навреда кој нацијата чиј стереотип е пиењето чај, но многумина сметаа дека ова е потсетување на таканаречената „Чајанка“ од 1773 година во Бостон, кога Американците се побунија против Англичаните. Победата доаѓа само два дена пред 4 јули, Денот на независноста на САД.

„Од времето кога Бостон го фрли чајот во морето, Англија не била понижена со чај на ваков начин“, стои на насловната на „Њујорк пост“.

Англиската фудбалерка Лиен Сандерсон пак, не гледаше духовитост во потегот.

„Очекував Алекс да даде гол, но не сум задоволна со прославата. Ние во Англија го сакаме нашиот чај и иако јас не го пијам, мислам дека е малку невкусно“, изјави фудбалерката на Јувентус.

Ова не е првпат Американките да се под критика за прославите – посебно по 13:0 победата над Тајланд.

„Сакав да биде интересно. Меган Рапино имаше одлична прослава и морав да ја надминам“, изјави Морган пред новинарите, откако се појави со чаша чај да прослави.

Scroll to Top